НАШИТЕ РЕКИ – НАША ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА

Еразмус+ проект  во СОУ „Ѓорче Петров

4 sliki Braga 3-1

На првиот транснационален состанок за проектот „Нашите реки – наша заедничка иднина“ во Брага, Португалија, учествуваа по двајца професори од секое партнер училиште. Од СОУ “Ѓорче Петров” учествуваа Елизабета Милошеска – координатор на проектот и Ленче Јованоска.

– Се проучува значењето на водата во сите сфери на живеењето со употреба на најразлични современи методи и пристапи. Реките поминуваат низ различни земји, но тие не знаат за граници, ниту за политички страни. Преку размена на искуства и добри практики се создава мултидисциплинарен пристап за учење. Се договорија следните чекори на проектот. Учесниците се запознаат и со знаменитостите на Брага – објаснува Милошеска.

Проектот вклучува партнер училишта од Македонија, Турција, Полска, Италија и Шпанија.

Loading