55 години од ОУ „Климент Охридски”
Осум училишта од три општини учествуваа на ораторскиот натпревар за 55 годишнината на ОУ „Климент Охридски“. Првото место го освои Теодора Велкоска од ОУ „Блаже Конески” – ментор Љубица Ј. Пашоска. Борис Ночески од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане” со ментор Сузана Николовска беше втор и третото место му припадна на Николче Ангеловски од ОУ „Кочо Рацин”, ментор Наташа Кулевска.
– Стекнувањето вештина на говорништво е наставна едници во осмо одделение. По програмата нема многу простор за соодветно развивање. Натпреварите во иднина ќе предизвикаат слободни ученички активности, можеби и секција која ќе им помогне на идните генерации подобро да се подготват за свои животни говорнички успеси – објаснува наставничката Јулијана Талеска.
Способностите во говорење, ги измеруваа и Стефанија Димеска од ОУ “Ѓорче Петров” од Ропотово со менторот Соња Кироваков, ученичката Елеонора Џокоска, под водство на наставничката Билјана Ацеска од ОУ “Рампо Левката”. Од “Јонче Смугрески” од Обршани, под координација на Тања Ѓореска, се натпреваруваше Кристина Тасеска. ОУ “Добре Јованоски” – Јагода Волческа со ученичката Елена Николоска. Училиштето домаќинот го претствуваа Јулијана Талеска и ученичката Сара Талевска.
Во комисијата членуваа Билјана Герас, Емона Јованоска и Рубин Матески.
Манифестацијата ќе стане традиционална. Со музички настап ја збогатија Марија Стојческа и Михаил Јагуриноски. Гости им беа наставничките Лидија Виши и Ленче Богоевска, заедно со Билјана Герас од ОУ „Даме Груев”, кои допатувале од Битола. Со нив била и минатогодишната победничка на ораторското матине, Јана Вангеловска, која се претстави со својот говор.