ОДОБРЕНИ ТРИ НОВИ ПРОЕКТИ ОД ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА

СОУ „Ѓорче Петров

2 SOU Gjorce Petrov

СОУ „Ѓорче Петров“ доби грантови за три проекти од 2017 до 2019 година, во рамките на Еразмус + програмата од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во полето на клучна акција 2 за училишно образование. Проектите вклучуваат стратешки партнерства со размена на искуства и добри практики од партнер училишта: Македонија, Турција, Германија, Италија и Шпанија. Вкупно 38 ученици, придружувани од професори – ментори, ќе земат учество во транснационалните активности. Координатор е професорката Елизабета Милошеска.

3 Gjorce Petrov

Првиот транснационален состанок за проектот “Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” се одржа во Истанбул, Турција од 24 – 29 септември на кој учествуваа по двајца професори од секое партнер училиште. Темата е запознавање со културното наследство на земјите учеснички преку нивната историја, култура, јазик и традиции, но истовремено и да се открие врската меѓу различните култури во состав на ЕУ, да се направи споредба помеѓу нив и да се пронајдат разликите и сличностите што не збогатуваат, но и обединуваат. На средбата беа договорени наредните чекори за проектот. Учесниците имаа можност да се запознаат со културното наследство на градот – домаќин. 

Loading