ОУ „Блаже Конески“
Деветто одделенката Михаела Петлеска и нејзиниот ментор Верче Искова, го освоија второто место на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ во организација на Градска библиотека “Борка Талески”.
И лани, Петлеска го освои второто место. Упорно ја држи втората позиција на натпреварот со знаењето кое го добива од прирачникот за млади библиотекари. Ја сака атмосферата во библиотеката, се интересира за нејзините организациски слоеви. Пишаните извори и се посебно интересни. Сака да знае за развојот на писмото, книгата, библиотеките. Успешно го совладува библиотечното работење. Ја привлекува евиденцијата, сигнирањето и каталогизација и систематизација на книгите и другиот библиотечен материјал.
Како учесник во натпреварот доби диплома и книга.