ВО ОУ „РАМПО ЛЕВКАТА“ И „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“
Гордо и достоинствено, со пригодна програма учениците од ОУ „Рампо Левката“ и ОУ „Добре Јованоски“ го одбележаа патрониот празник. Иако патронатот е на стартот на учебната година учениците покажаа подготвеност и креативност низ многу точки.
Се потсетија на животот и делото на народните херои и положија цвеќе на споменикот во месноста Дабнички завој, како и на бистите во училиштата. Се одржаа и спортски натпревари во одбојка и фудбал меѓу екипи од двете училишта.