ОУ „Блаже Конески“ со две први места

Две први места освоија на стартот на новата учебна година учениците од ОУ „Блаже Конески“. Беа најдобри на евроскиот натпревар Топкарија во Загреб, а први беа и во Скопје за краткометражниот филм „Боксерска вреќа“.
Се славеше на Суперфиналето во Загреб. Го освоија првото место на Европско натпреварување – Жогарија 2017. Учениците од ОУ “Блаже Конески”, во конкуренција на 9 земји, и тоа Италија, Македонија, Словенија, БИХ, Хрватска, Србија, Австрија, Црна Гора и Унгарија, беа најдобри во спортски игри на мал фудбал, игри на вештини, “И Вие професоре”, квиз на знаење и настапот на балетската група “Нењ Генератион”. Ментори беа Борче Спиркоски, Тања Јованоска и Оливер Богојевски. Гордо го вееја македонското знаме.

– Во Загреб направивме бум! Докажавме како можеме да бидеме горди како Македонци и дека можеме да бидеме пред сите! Честитки добивме и од министерот за спорт и култура на Хрватска, со зборовите дека музиката и играта биле фантастични. Станавме идоли за хрватските деца, кои навиваа за нас.. Беше фантастично – велат од NEW GENERATION.
Првото место учениците го освоија и на конкурсот од Алгоритам Центар во Скопје. Осмоодделенците под менторство на Павлинче Ристеска Темелкоска беа најдобри во изработка на кусометражен филм насловен “Боксерска вреќа”.
Освоеното прво место на европското натпреварување и наградата за изработката на краткометражен филм донесоа куп честитки за учениците кои велат дека ова е само загревање во трката по нагаради која почна неодамна.

![]()


