МЕДАЛИ ЗА ОСНОВЦИ

Џудо

7. Nagradi za dzudisti

На Државното првенство во џудо за ученици од основните училишта во организација на Федерацијата на училишен Спорт, Џудо Федерацијата на Македонија и во техничка организација на џудо клубовите Сеишин и Бушидо, настапија 135 џудисти од 26 основни училишта. Прилепчани освоија 12 медали и тоа 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени. Од ОУ “Кире Гаврилоски”, Марко Тодорчески беше прв, Михаил Димоски втор, а трет, Никола Магдески. Леонид Гешоски извојува трето место. Филип Попоски освои сребро. Второ место беше и Теодора Тасеска. Со медали се закитија и Димитри Џокоски, Кристијан Тошески, Орде Трајкоски и Милена Божиноска од ОУ ,,Рампо Левката,,. Валентин Димитриоски беше прв од ОУ “Гоце Делчев”. Победници беа и Јован Најдоски од ОУ “Климент Охридски” и Маринела Атанасоска и Милена Атанасоска од ОУ “Добре Јованоски”.

8. Gradi so madali vo Jane

Loading