КОНТАКТИ СО БРАНИТЕЛ, ЗА ВРСКА И НАПАЃАЧ

Фудбал: Зоран Штерјовски, тренер на Победа

Идната недела ќе се знае кој останува во клубот

2.Edno od cetirite mesta za Evropa v godina - Zoran Steroski

И при неуспех и при успех, секогаш вниманието е свртено кон тренерот. Екипата на Победа го зачува прволигашкиот статус. Едноставно – крајот делото го украси. Кога се закануваше бездната, тимот се издигна до седмото, спасоносно место, кое ги израдува симпатизерите. За она што претходеше и што претстои, од шефот на Стручниот штаб, Зоран Штерјовски.

Генерална оценка?

– Не беше лесно. Имавме падови и подеми. Сите очекуваа дека и баражот ќе биде успех, а на крај се радуваме на директен опстанок.

Вратете го ,,филмот” назад?

– Многу заостанувавме на полусезона, а една од причините беше слабата физичка подготовка, така што по 60 минута, пет – шестмина бараа замени. Втора причина беше скромниот квалитет, а третата – играњето на туѓ терен. Следуваше зимска пауза со доведени засилувања и подготовки, клучните за пролетниот успех.

Пролетното будење?

– Во почетокот од пролетта притисокот беше врз сите нас, особено врз играчите. Поради задачите немаа слобода во играта, креативноста не доаѓаше до израз. Се мачевме додека управата, заедно со навивачите, овозможија да настапуваме на Могила. По ремијата со Шкупи и Брегалница, требаше време за адаптација и дојдоа нашите пет минути. Го променивме системот од 4-2-3-1 на 4-3-3 за поефикасна игра.

Пресвртот?

– Победата над Силекс дома. Потоа беше подруго. Наредните натпревари, несметајќи го Вардар, беа во период од две недели, каде забележавме пет победи во серија. Особено триумфот на Чаир беше од огромно значење. Нашите момци покажаа како треба да се игра за Победа. За сите фудбалери имам само пофални зборови: ,,Бевте прекрасни, стрпливи, упорни, феноменални. Секоја чест!”

Победа наесен?

– Амбициите би требало да бидат поголеми. За ова треба солиден буџет и квалитетни засилувања. Видовме дека можеме да се носиме и со екипи кои имаат поголем буџет шест-седум пати. Зошто да не конкурираме за првите четири места кои водат во Европа?

Играчкиот кадар?

– Треба да се задржи сегашниот кадар, вклучително играчите со истечен договор. Имаме пикирано и засилувања, со кои се воспоставени контакти. Приоритет ќе ни бидат: одбранбен, среден играч и напаѓач. Во рок од една недела ќе знаеме кој ќе остане во клубот, за да имаме предвид околу засилувањата.

Прозивка на 24 јуни

По завршувањето на првенството и последниот меч дома со Ренова (0-3) почна одморот за екипата на Победа. Следниот собир е закажан за 24 јуни. Еден дел од подготовките можно е да се одработи во странство.

Конечна табела: Вардар 83, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер и Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија ЃП 23.

Moment od mec na Mogila

Loading