ПОНЕСЕ 13 МЕДАЛИ

Џудо клубот Сеишин

Od Bitola grabnaa 13 medali - dzudo klub Seisen

Џудо Клубот Сеишин на Државното првенство во џудо за деца и кадети во Битола, настапи со 20 џудисти, а освоија 13 медали, од кои 4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени. Се натпреваруваа во категорија од 21 кг. до 50 кг. а кадетите до 90 кг. Врвни резултати постигнаа Теа Настоска, Теона Настоска, Анастасија Кузманоска, Матеа Дамческа, Немања Џагадуроски, Борис Џагадуроски, Дино Рошкоски, Димитри Џокоски и Михаил Ристески. Меѓу кадетите најдобри беа Милена Атанасоска, Христијан Тошески, Марио Цинцароски и Јован Најдоски.

На првенството настапија околу 160 џудисти од 15 клубови од Македонија, а членовите на Сеишин продолжуваат со тренажен процес и подготовки за наредните натпревари. 

Loading