ЧЕСТ ЗА ПАТРОНОТ

СОУ „Орде Чопела

Cveke za patronot - direktorkata Trajskoka so kolegite od SOU Orde Copela

Со пригодна свеченост подготвена од учениците на СОУ „Орде Чопела“ се одбележа патрониот празник и 75 годишнината од смртта на Чопела.

– Во содржината на одбележувањето беа литературно читање и испортски натпревари. Имаше и свечена академија по повод патронот, народниот херој Орде Чопела, положување свежо цвеќе пред бистата во училиштето, кај неговата куќа во Варош и на Могилата на непобедените. Животното дело на Орде Чопела останува во сите генерации ученици, минати, сегашни и идни, кои се дел од училиштето. Чест и гордост е да се биде наставник во ова училиште кое го носи името на еден херој кој го дал својот живот за слободата во која ние живееме и ќе живеат идните генерации – рече Елизабета Трајкоска, директор на СОУ „Орде Чопела” – Прилеп.

Досега инвестирано е многу во училиштето. Наскоро треба да започне комплетна реконструкција и обнова на парковската површина во дворното место и паркинг просторот пред училиштето. У чилиштето со помош на Локалната самоуправа ќе добие и нова термоизалациона фасада. 

Loading