На државниот натпревар во стрелаштво со воздушна пушка, СК Стрелец 09 освои најмногу места од сите клубови. Од пионерите, Стефан Пројчески, Лазар и Давид Лазарески освоија второ место екипно. Поединечно, Лазар беше трет. Од девојките, ланската шампионка Ирина Јованоска беше третопласирана. Во конкуренција на младинци, Антонио Николоски, Емануел Секулоски и Валентин Илоски беа први екипно. Поединечно, Антонио беше втор, а Емануел трет. И младинките беа први екипно во состав Викторија Тренческа, Теодора Талеска и Катерина Бошкоска. Поединечно, Викторија беше второпласирана. Од сениорите, Филип Кочоски ја зазеде четвртата позиција. Стрелците водени од претседателот на клубот, Гоце Ѓорѓиоски и тренерот Славчо Трајкоски, оценуваат дека би имале “поостри очи”, доколку тренираат во соодветни услови.