УМЕТНИК, А ФЕНОМЕН ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“

fasziniran od programiranjeto - Dameski so Pavloski

Седмоодделенецот Благојче Павлоски од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ иако ја зазеде втората позиција на Државниот натпревар по информатика за апликативни вештини, жирито го остави без зборови со проектот изработен во Ц++. Оставајќи силен впечаток за оригиналноста на „Нешто интересно во Ц++“, бил награден со максимални бодови за презентацијата. Иако практично е експерт, за победата одлучувачки фактор била и теоријата.      

– Програмирањето ме фасцинира. Се стремам да откривам нови видици во информатичката технологија. Често “буричкам” по интернет, следам туторијали на јутуб, читам книги – кажува младиот програмер, кој бил награден и со ваучер за бесплатна обука од фирмата Семос едукација.

На амбициозниот Павлоски, кој е и логичар, му одат природните науки. Сефте се натпреварува по информатика, а растура по математика. Годинава застана на третата позиција на државното по математика, а бил втор на регионалниот по биологија. Невидена дарба има за цртање, кое ем му е релаксакција меѓу “гимнастиката на умот”, ем го користи да “коси” сé пред себе. Неговиот цртеж „Сподели мир“, првонаграден во земјава, е испратен на меѓународниот конкурс во Чикаго. По ликовно освоил и второ место на проектот за меѓународна соработка меѓу Македонија и Албанија. Годинава и едногласно, без конкуренција, беше прогласен за победник на Мали таленти со неговиот дар за уметност.

Менторот Гоце Дамески, воодушевен од Благојче, има само пофални зборови. Истакнува дека Павлоски е феномен во програмирањето, со оглед дека не е соодветна област за неговата возраст. Како еден од оценувачите на домашните изработки, Дамески бил награден со благодарница од Здружението на информатичари за поддржувањето на натпреварите. 

{AG}405/jane{/AG}

Loading