ПАЛАЧИНКИ И „НАЈПЕТКА“ НА МОГИЛА

УТРЕ

naj

Утре, во 18 ч. на Могилата на непобедените со манифестацијата “Палачинкијада”, како шлаг за крајот на учебната година, ќе се избере кои ученици, наставници, одделение и училиште ќе триумфираат на изборот за “Зенит Петка”. Ќе се делат признанија, ќе се дегустираат над две илјади вкусни палачинки, а за забавата ќе се погрижат DJ “Noise killers” и “Станица 048”.

До последно се стегаа палци додека се пребројуваа гласовите за Најпетка. Насекаде се наслушуваше детскиот шепот кој ќе биде нај годинава. Потежок беше изборот, оти врие од кандидати за нај. Не за џабе и петка непрекинато ја полневме и преполнувавме со ученички и учителски достигнувања, што секогаш недостасуваше страница повеќе сите наеднаш да ги пофалиме. Не се добројуваат гласовите за “тркачите” кои се “борат” за титулата НАЈ. Уште послатко е што, покрај признанијата, успехот ќе го заблажат со палачинки и музика. Уште денес им дозволуваме на петкашите и нивните наставници меѓусебе да се подгледнуваат. Уште еден ден нé дели од финишот на трката од бројни успеси.

Утре сé ќе се знае!            

Loading