ШАНСА ЗА ПОБЕДА

Жени

Rakomet zeniЖенската екипа на Прилеп даде отпор на пелагониското дерби во Битола, но загуби со 22-17 од Пелистер. Останува уште една шанса за зголемување на бодовното салдо. Викендов во Свети Николе е гостувањето на последното Овче Поле. Составот на Рубин Богојески е фаворит и по пласманот, бодовите, но и според меѓусебниот исход есеноска кога победи дома со 24-19. Тука завршува основниот дел од првенството и треба да следува плеј-офот. Предвидени беа пет екипи, плус гигантот Вардар. Бидејќи има расположение во РФМ, можно е сите екипи да го доиграат најкусото првенство преку завршница.

Табела: Вардар ј. 30, Металург 27, Куманово 21, Пелистер и Ѓорче по 10, Прилеп 9, О. Поле 2.

Loading