ПРИЛЕП ВО ОХРИД

Ракомет мажи

Prilep gi podeli bodovite so RadovisВикендов е слободен за ракометарите на Прилеп, откако заврши основниот дел на суперлигашкото првенство. По една недела се предвидени куп-натпревари по групи. Составот на Томче Петрески е во третата група. Прво ќе игра против Вардар јуниор, потоа со победникот од дуелот на домаќинот Охрид со Пролет. Може да се очекува триумф над младите вардарци, а потоа е тежок меч, извесно со домашниот тим, кој неодамна изненади со победа во “Ричко”. Само најдобриот од групата оди во полуфиналето на 14 и 15 мај.

Првенството ќе продолжи на 23 април со натпреварите од плеј-офот по дополнителна ждрепка со распоред. Се очекуваат интересни мечеви со Работнички, Охрид, Металург и со учесниците во Сеха лигата, Струмица и Вардар. Предвидени се 10 кола, по пет дома и на гости.

Прилеп го зазеде четвртото место на табелата со 31 бод од 18 кола. Последниот дуел дома беше 34-34 против Радовиш, кога најефикасни со по пет гола беа Талевски, Секулиќ и Турченко.

Loading