СОУ „Орде Чопела“
Цртежот на млади волонтери од Црвениот крст и текстот за придоносоа на својата лична книга во заедницата се делата на Симона Трајковска и Стефани Петреска од СОУ „Орде Чопела“, наградени од Центарот за граѓанска иницијатива на конкурсот “Младите за заедницата”. Ментор им беше професорката Елизабета Пирганоска.
На Трајковска полесно í било да се изрази преку цртањето. Дарбата за уметност ја негува од поодамна. Насобрала цела папка, цртежи, претежно со молив техника, кои ги обележала со датуми.
– Сакав да пренесам порака дека секој, на некој начин, е инволвиран во општеството. Инспирација ми беа младите од Црвениот крст, оти со волонтерската улога се пример како може да се помогне некому – додава Трајковска.
На Петреска, не í е прва награда. Често освојува места на разни литературни читања, организирани по повод училишни патронати, од здруженија, од Библиотека.
– Во текстот пишував за својата објавена книга, како со неа сум допринела за заедницата. Но треба да им и фидбек, заедницата да возврати така што ќе ја читаат, оти инаку ќе нема цел – кажува Петреска.
Едната талент за цртање, друга за пишување проза, несомнено ќе уживаат во подарените книги.