СОУ „Ристе Ристески – Ричко“
Олгица Славеска, професорка по историја во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше една од осумте Македонци меѓу 300 пријавени на петдневниот меѓународен семинар во Загреб, Хрватска, организиран од “Куќата на Ана Франк” од Амстердам, поддржан од ЕУ.
– Семинарот имаше едукативен карактер. Се спроведоа тренинзи за професорите низ мноштво проекти, предавања и работилници кои ќе помогнат во наставниот процес – кажува Славеска.
Од Загреб во Прилеп, Славеска кон крајот на март или почетокот на април ќе донесе патувачка изложба во ЦК “Марко Цепенков” посветена на Ана Франк – дете кое страдаше во Втората светска војна (холокаустот). За задача има да обучи ученици за водичи на изложбата. Пренесува дека ќе биде важно за учениците и професорите, особено за оние кои предаваат историја, оти ќе имаат шанса да се запознаат со страдањата на децата, кои не треба да се повторат во ниту една војна.