Пинг – понг
Прилеп има убава иднина во пинг- понгарскиот спорт, а тоа се потврди и на Младинското државно екипно првенство. Тимот на Младост 96 во состав Александар Рикалоски, Христијан Иваноски и Дамјан Стојчев постигна одличен пласман со освојување на вице-шампионската титула. До финалето стигна со четири победи, од кои највредна беше со 3-1 над Вин спин од Виница. Во финалната борба се сретна со фаворитот Гоце Делчев од Штип. Тука штипјаните беа подобри со 3-1 и за нив е златото, за прилепчаните среброто.
Младост 96 е најмладата екипа во Младинска конкуренција.