БАЛКАНСКИ ШАМПИОНКИ

Карате

Нови успеси на прочуениот ката тим на Ронин и репрезентацијата на Македонија. Само по неполн месец од освојувањето на сребрениот медал од Светското јуниорско првенство во Џакарта, Мишела, Маријана Димоски и Киријана Камческа, сега се и шампионки на Балканот. На Балканијадата во Дубровник, до вредниот трофеј стигнаа преку победите од по 5-0 над Босна и Србија. Успехот е надграден и со поединечните настапи. Таму близначките Мишела и Маријана се сретнаа во финале, бидејќи претходно совладаа сé пред себе со по 5-0. Во финалната борба златото и припадна на Маријана, среброто на Мишела. Билансот е 2-1 за Маријана, која победи на Светскиот куп 2013 во Крф, а претходно во 2010 поуспешна на Балканското во Атина, каде што и  победи, беше Мишела.

Заврши сезоната за каратето во која беше уште еден успех – првото место на Премиер лигата во Истанбул.

Loading