ДЕСЕТ ЕСЕНСКИ ПОБЕДИ

Ракомет

Синоќа, два дена порано поради чествувањето на градскиот празник Свети Никола, заврши есенскиот дел од ракометната Супер лига за мажи за екипата на Прилеп. Триумфот над Вардар јуниор е вреден, затоа што се надоврза на серијата од шест. Претходно совладан беше и Пролет среде Скопје со 26-33. Така составот на Томче Петрески со 10 триумфи се искачи на второто место со 30 бода, веднаш за гигантот Металург. Во преостанатите четири кола од основниот дел ќе има борба со Охрид за втората позиција. Кон крајот на февруари е гостувањето на Работнички, потоа дома дерби со Охрид,  па на гости со Металург, и на крајот дома со Радовиш. Извесен е пласманот во плеј-офот, а клубот прави напори тие мечеви да се играат во Универзалната сала.

Табела: Металург 42, Прилеп 30, Охрид (-1) 30, Работнички 27.

Loading