СТАНОЈОСКИ СЕДМИ НА СКОПЈЕ ОПЕН

Шах

Велемајсторот Звонко Станојоски го завзеде високото 7. место на силниот шаховски турнир Скопје Опен 2015. Забележа шест победи, едно реми и два пораза. Пласманот е солиден според бројката на учесници – 101. Од прилепчаните добар беше и Дејан Ѓорѓиески на 15. место со 6 поени. Подолу се пласираа Кире Николоски на 33 и Горан Готовуша на 34 место со по 5 поени.

Прво место на турнирот со 7,5 поени беше ВМ Влатко Богдановски.

Loading