ДВА МЕЧА ЗА ТРИ ДЕНА

Жени

Како почна есенската етапа од првенството во женската лига, така и приврши – тивко. Без да знае поголемиот дел од публиката во четвртокот одигран е дуелот дома со фаворитот Металург и резултатот е очекуваниот во полза на гостинките од 21-28. Прилепчанките дадоа посилен отпор на нивниот терен, пред два месеца кога загубија само со два разлика. Два дена подоцна, во саботата, Прилеп гостуваше кај Ѓорче во Скопје и пак загуби. Поразот од 17-13 се должи на слабата игра во нападот. Тешко можеше да се очекува екипата со овој состав да постигне толку малку голови против противник кој е совладан дома со убедливи пет разлика. Следува пауза за празниците.

Табела: Вардар ј 27, Металург 24, Куманово 18, Ѓорче 10, Прилеп 9, Пелистер 7, Овче Поле 2.

Loading