Меѓу најдобрите млади истражувачи од државава, за Светскиот ден на науката, крај претседателот Ѓорѓе Иванов застанаа и учениците Спиро Божиноски од СОУ “Орде Чопела” и Дино Јорданоски од СОУ “Ѓорче Петров”.
На изложбата на иноваторски проекти и експонати, под мотото “Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”, двајцата успешно ги презентираа истражувањата, со кои претходно освоија први места на годинашниот државен натпревар по народна техника.
Божиноски под менторство на Билјана Апостолоска и Татјана Тасевска го изложи трудот од еколошка хемија – “Трансформација на штетниот отпад до корисно гориво”, а Јорданоски – ,,Фактори кои влијаат на ензимите” од подрачјето биохемија.