РОМАНСКИ ИСКУСТВА ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ ОБЛЕКА

СОУ „Ѓорче Петров“

1ROmanijaВкупно 20 ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ под менторство на Здравска Најдоска и Билјана Рошкоска, отпатуваа еден месец во Сату Маре, Романија на обука во реномирана конфекциска фирма. Проектот “Низ пракса – до подобри вештини”, овозможува стекнување и разменување искуства со романски ученици и професори. Учениците ги развиваат и усовршат спсобностите во дизајнирањето, конструкцијата и изработката на облека. Ќе добијат и европски сертификати за стручна усовршеност и оспособеност. Проширувајќи ги погледите за друга земја, запознавајќи се со културата и начинот на работа и усовршувајќи го англискиот јазик, се отвораат европски перспективи. Училиштето се истакува уште еднаш како активен субјект во спроведувањето мноштво проекти за афирмирање на знаењето, стручноста и комуникативноста.

sl. 2Во меѓувреме, учениците од трета година од здравствената струка за Светскиот ден на дијабетесот, мереа шеќер во крвта и крвен притисок на пензионерите. Имаа и предавање за шеќерната болест, укажувајќи на ризиците и начинот на лекување. Поделија едукативни брошури на минувачи во центарот. Флаерите ги изработија сами во клубот.

3За Неделата за грижа на старите и изнемоштени лица ги посетија штитениците од старскиот дом. Со ведрата претстава, драматурзите со менторката Билјана Тинтоска, предизвикаа насмевки на избраздените лица. Ги развеселија и со неколкуте музички точки, додека учениците од 3-2 клас со инстуркторките Ленче Јованоска, Наташа Ванчева и Валентина Дамеска, пружија неколку здравствени услуги.

слика 3

Loading