УЧИЛИШЕН МАГАЗИН

Во СОУ “Ѓорче Петров” веќе третпат во печатена и електронска форма излегува списанието “Гласник” уредувано од професорката Оливера Димитријоска со учениците Благојче Дишоски и Фросина Јованоска. Почнале и продолжуваат со голем ентузијазам, а од трудот на десетината новинарите – ученици излегуваат текстови кои ги тангираат и вработените и средношколците. Најодговорни за весникот со содржини за активности во училиштето, ученичките ставови, интервјуата, медицината, хуморот  и други теми, се новинарско – говорничката секција. Најчитани се написите за натпреварот во одбојка, интересни факти за мозокот, зашто се слави Осми Март, интервју со стручниот наставник Мирјана Груевска и Прочка 2014.

Од уредништвото ги покануваат сите ученици, кои имаат што да кажат, да истакнат нешто позитивно или негативно, преку текст или фотографија да дадат придонес за збогатување на списанието.  

Loading