Гимназијата утре ќе биде домаќин на интернационалниот натпревар за англиски јазик, организиран од италијанската асоцијација ХИПО. Вештините во познавањето на англискиот ќе ги покажат 186 ученици од 10 средни и основни училишта.
За сите ќе има сертификати за учество, но само за финалистите ќе добијат престој во италијанскиот град Лидо Дијесоло за полагање на тест, то е документ за интернационално призната диплома. На учениците кои не влегле во финалето, а имале доволно поени, ќе им биде дозволено со доплата да учествуваат на крајното тестирање. На финалниот меч се очекуваат околу 7 000 учесници од целиот Балкан, Италија и Грузија.
За најуспешните “англичани”, кои во мај ќе добијат диплома за познавање на јазикот, предвиден е и бесплатен двонеделен камп во Англија за учење, посета на знаменитости и други активности.