АВТОФАГИЈАТА И МОЗОКОТ?

Автофагијата е еден од најпопуларните и нашироко прифатените нутриционистички режими. Многумина не го практикуваат само за слабеење, туку го третираат како начин на живот. Поновите истражувања го разгледуваат влијанието на овој начин на внесување храна врз мозокот и неговата функција.

Каков процес започнува автофагијата во нашето тело?

Временски ограничени периоди на внесување храна, односно строги периоди без храна, се познати како автофагија. Научниците ја опишаа временската рамка во која не се зема ниту една храна како процес на чистење на сето токсично што се “акумулира” во телото дневно. Така дошле до заклучок дека истиот процес се одвива и во нашиот мозок. Практично, процесот на “самочистење” помага во детоксикацијата на мозокот. Се отстрануваат старите и оштетени клетки и нивните остатоци. Тоа е и помош во регенерацијата на понови, поздрави клетки.

Проблемите со акумулацијата на оштетените клетки се поврзани со Алцхајмерова болест, депресија, биполарно растројство, шизофренија и други невропсихијатриски проблеми.

Автофагојата ја подобрува меморијата. Ограничувањето во јадењето значително ја подобрува меморијата. Се покажало дека работната меморија, учењето и меморијата значително се подобруваат по 4 недели во оваа диета.

Се подобрува расположението. Истражување покажало дека по 3 месеци периодично постење, евидентирани се подобрувања на расположението со намалена напнатост, лутина и конфузија. Друго истражување за губење на тежината покажало дека автофагијата е поврзана со значителни подобрувања во емоционалната благосостојба и помал ризик од депресија. Согорувањето повеќе маснотии, што е еден од ефектите на автофагијата, е добро за здравјето на мозокот.

Loading