ПОБЕДА ПО БОД ВО РАДОВИШ

Фудбал

В сабота е 23. рунда од Втората фудбалска лига, во чија рамка и мечот Детонит – Победа. Прилепскиот тим оди со оптимизам во Радовиш, по две основи. Прво, есеноска со 2:0 го совлада дома овој ривал, а второ, во саботата е постигнат првиот пролетен триумф. Дома со 2:1 е поразена Саса, со головите на Горан Димоски и Давид Дебрешлиоски. Мошне вредна победа за младиот прилепски состав, три бода кои придонесуваат искачување едно место погоре на табелата. Победа го зазеде местото на тетовски Тетекс, тим кој дома одигра само 1:1 со гевгелиски Кожуф.

Табела: Беса 57, Пелистер 51, Детонит 45, Арсими 40,Охрид 36, Скопје 35, Башкими 31, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф 25, Новаци 24, Победа 22, Тетекс 21, Осогово 20, Караорман 15, Саса 14.

Loading