ЕТНО ИЗЛОЖБА „ПЕРНИЧИЊАТА НА МАМА“

Уникатни, традиционални, везени, плетени, според шари или по слободен избор перничиња имаа можност да разгледаат прилепчани на етно изложбата “Перничињата на мама”, што ја реализираше  првпат Здружението на инвалидски пензионери, односно Активот на жените.

Беа презентирани педесетина домашни ракотворби, перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашните оставнини.

– Секој дома има перничиња оставени од нашите мајки, баби. Затоа сакавме да ги изложиме пред очите на јавноста и да потсетиме на она што било традиција во минатото, бидејќи како мали на почетокот, своите први соништа ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки, баби – рече Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидските пензионери.

За уникатната изложба, говореше етнологот Александар Цветкоски.

За најубавите и најуникатни перничиња беа доделни пригодни награди.

Loading