„ПОТОМЦИТЕ НА БОРЦИТЕ“

Заводот и музеј ќе го реализира проектот “Потомците на борците”, чиј автор е историчарот Рубинчо Белчески. Станува збор за дополнителни сознанија за историјата на македонскиот народ, како и припадници на делови од други народи, а кои зеле учество во борбата против фашизмот.

– Тоа би биле одделни настани поврзани со народните херои, борци, и револуционери. Од најразлични причини, нивните потомци не успеале да објават и презентираат значајни семејни моменти. Доколку постојат движни предмети, интенција е да се преселат во музеите. Временската дистанца од 80-ина години ќе овозможи да се обелоденат случки и настани за збогатување на нашата историја – објаснува Белчески.

Преку уникатниот и интересен проект, со откуп или подарок, ќе се збогатат музејските збирки со документи, фотографии, предмети, оружје…, во сопственост на борците, а сега се во сопственост на потомците, а спаѓаат во доменот на музејската дејност.

Loading