АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Само со ум на правиот друм!

*

За мене не може да пишува некој што не прочитал што јас сум напишал.

*

Кога на вистината и се затвора устата, широко отворете ги очите.

*

Државата не смее да биде спонзорирана империја на злото.

*

Со одмазда не се создава пријателство.

*

Незрелите не можат да бараат зрелост од државата

*

Не знае каде е роден, а зборува за преродба.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading