МЕГА БАСКЕТ ПРВ ПОЧНУВА

Кошарка

Најрано од сите екипни спортови продолжува првенството во кошарката. Викендов, во на 12. рунда од Втората лига на Македонија, екипата Мега баскет е гостин на Куманово 2009. Мечот е важен во борбата за опстанок. Прилепскиот тим, воден од новиот тренер, Србинот Мико Голубовиќ, цели на средината од табелата, што повисоко од двете последни, 11. и 12. коишто водат ранг подолу. Ако се има предвид високиот триумф есеноска во Прилеп (Мега баскет победи со 121:67), тогаш треба да се очекува фаворитска улога на прилепскиот тим. Оттогаш досега имаше можност за промени, консолидација и засилувања кај кумановците, така што новиот меч почнува од 0:0 и само максимум борба носи резултат.

Во подготвителниот период Мега баскет, покрај тренинзи, одигра и пријателски меч. Тоа беше меѓународен дуел со грчкиот третолигаш Флорина, во салата во Лерин. Исходот е позитивен – убедлив триумф од 14 поени разлика.

Во врска со играчкиот кадар, во последен момент се очекуваа две-три засилувања во прилепскиот клуб.

Табела: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи и МЗТ Скопје уни 19, Ангели 18, Соколи и Борец 16, Водно и Работнички 15, Мега баскет 14, Тетекс 13, Куманово 10.

Loading