ГОЛЕМО КОЊАРИ Е ПОСИЛНО ОД ВЕЛЕС?

Фудбал: Трета лига – Југ

Во есенскиот дел од Третата лига – Југ првото место, на големо изненадување, го освои Големо Коњари. Изненадување е поради тоа што е два бода над велешките Борец и Превалец. Може ли до крајот да се задржи првото место, за влез во Втората лига?

– Се бориме со ривалите од место кое речиси 70 пати е поголемо од нашето, отиа Големо Коњари има само 600, а Велес 40 илјади жители. Немаме финансиска моќ ниту приближно како нив. Претстои голема борба. Во преодниот рок планираме нови играчи, во шпицот, средниот ред и во одбраната. Потребен ни е голман, оти не е алтернатива Дарко Трајкоски, поради возраста, а Далибор Рајевиќ има црвен картон – вели Тони Даноски, клупскиот претседател.

Тренерот Горан Касниоски со тренинзи почнува во февруари во Големо Коњари. Ако се лоши временските условиќе одат во спортските сали во Прилеп.

Loading