МИСТИКАТА НА ПЛАНИНАТА РТАЊ

Источна Србија е богата со природа. Таму е планината Ртањ. Уште ја викаат “српска пирамида”. Нуди извонредна можност за прошетка во природа и во зимскиот и во летниот период. Се наоѓа кај зајачарскиот регион, така може да се прошета и во градот.                    

Највисок врв е Шилјак со 1565 метри. Планината нагло се извишува од рамнината како трапез. Широка е и масивна, а на врвот се стеснува. Затоа се има впечаток дека е како пирамида. Таа претставува природен феномен. Едниот дел има благ пад, а како висорамнина се спушта кон Соко бања. Другиот дел е богата со шума, пасишта. Полна е со вода, пресечена со водотеците на десетици извори. Познати се и врвовите Пресло и Кусак, или преку 20, најмногу над 1000 м.н.в.       Откриени се 17 пештери. Пронајдена е јама долга седум км., а широка е девет м. Климата е планинска. Летата се уживање за престој, оти е свежо. Температурата е погодна за богатата флора и фауна. Познат е ртањскиот чај кој е вкусен и лековит. Има здравствени бенефити. Низ стеблата има шума се јорговани, ореви, липи, јасен… Планината е дом на многу животни, а на дрвјата се гнездат 90 видови на птици. Водите се живеалиште на повеќе видови на риби. Ртањ во 2018 г. е прогласена за специјален природен резерват, заради разновидноста и ендемските видови на растенија и животни. Заштитена е од државата.

Планината привлекува туристи не само од земјата, туку и од околните држави, од целиот Балкан. Атракција е пирамидалната форма и мистериите. Недопрената природа мами планина, оти врвот нуди фантастичен поглед, дури до Дунав. Дел е пооден за лов, за спорт и рекреација со уредени терени за тенис, велосипедизам, риболов… Тенисерот Џоковиќ црпи енергија од планинската дивина.

Убаво е да ја посет позната капела на Св. Ѓорги, на врвот Шилјак, градена во 1935 година, потоа уредниот извор – чешма кај споменикот на паднатите броци од Втората светска војна, изворот Лептеријам, водопадот Рипалка со височина од 17 метри, на 40 минути возење. Тоа е првиот споменик на природата заштитен во поранешна Југоалсвија, уште од 1948 година.

Во подножјето е изворот и излетничкото место Мировштица. Шумот на планинската кристална вода ја цепи природата. Просторот е уреден со клупи за одмор и релаксација, дрвен мост…

Се слушаат мистерии, приказни за временски капии. Се верува дека планината е засолниште од крајот на светот. Најчудно место е светилиштето Врело, оти се собираат три енергии, органска, електро и магнетна. Тие се многу важни за човечкиот организам. Да се почувствува енергијата се препорачува присуство трипати по 20 минути. Историјата на планината се врзува со богатата еврејска фамилија Минх, која била сопственик на рудник за јаглен, чии остатоци уште стојат.

Блиску е Соко бања, привлечна за комфорен одмор во природно опкружување.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading