ВИТАМИНКА НА САЕМ ВО БУГАРИЈА

Витаминка и годинава е еден од најголемите изложувачи на 22. издание на најзначајниот саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Интерфуд Дринк во Бугарија. Прилепската реномирана компанија се  претставува со својата богатата производствена програма пред стручната јавност. Со презентацијата на саемот најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија ја зацврстува позицијата на бугарскиот пазар и создава простор за отворање потенцијални нови пазари и нови пласмани.

– Саемите се еден од најдобрите модели за меѓусебно поврзување на економиите. Тие се платформа за постигнување одржливост на системите за храна. Интерфуд Дринк е популарен меѓу стручната јавност, а тоа што секоја година се надградува, придонесува за растечкиот интерес кај бугарските и странски компании, деловните делегации, трговските мисии и колективните странски учества. Саемот е препорачана средина за размена на искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Витаминка се позната на локалните компании на овој пазар. Растечката димензија и привлекувањето поголем број изложувачи е нашиот цел – истакна Александар Ѓуроски, шеф во извоз.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати Интерфуд Дринк претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни синџири, деловни делегации, трговски друштва и слично.

Loading