ГОЛЕМО КОЊАРИ СИЛНО КАКО ПРЕД 30 ГОДИНИ!

Фудбал: Трета лига

Братство од Големо Коњари беше клубот кој во 1992/93 беше второлигаш, со генерацијата на Гоце Седлоски. Силен тим со второлигашки амбиции сега има и клубот Големо Коњари, лидер во Третата лига – Југ. Тоа се потврди во неделата, кога среде Велес со 3:1 го совлада доскорешниот прволигаш Борец преку головите на Ибраимоски, Селманоски и Касниоски. В недела (13 ч.) е мечот дома со Ултрас. Во истиот термин Младост во Кривогаштани игра со Борец.

Табела: Големо Коњари 15, Превалец 14, Росоман 12, Борец 11, Марена и Младост 10, Слога 8, Питу Гули и Локомотива 7, Ултрас 6, Бучин 0.

Loading