ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ ЗДРАВСТВЕНИ КОМПЛИКАЦИИ          

Во ек е вакцинирањето од грип

“Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување. Се спроведува неколку десетини години и се покажа како најефикасна превентивна метода во медицината. Го намалува ризикот од заболување, ризикот од појава на компликации, потребата од болничко лекување, како и смртноста од грип”.

Ова го вели епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од Центарот за јавно здарвје

Според неа најдобро е вакцинацијата да почне пред сезоната на грип, во месец октомври.

– Времето неопходно за стекнување на имунитет е 2-3 недели по примањето на вакцината. Поствакциналниот имунитет трае од 6-12 месеци.  Пооради честите варирања на соевите од вирусот, се препорачува вакцинација секоја година. Вакцина може да прими секој. Најмногу им се препорачува на лицата кај кои постои ризик од појава на тешки форми на грип и компликации. Тоа се постарите лица (над 65 години), деца од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести (хронични белодробни заболувања, болести на срцето и крвните садови, болести на бубрезите и црниот дроб, дијабетичари, лица со хематолошки заболувања и лица со ослабен имунитет), бремени жени и здравствени работници – вели Мургоска Станимировиќ.

За сезоната 2023/2024 година, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во количина од 60.000 дози за приоритетните групи од населението. Дополнителни 15.000 илјади дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната њњњ.вакцинација.мк.

Граѓаните кои не спаѓаат во горенаведените групи Центрите за јавно здравје обезбедија 4.500 дози комерцијални вакцини кои можат да се добијат за 700 денари.

Четиривалентната вакцина против грип содржи два типа на вирусот  А и два типа на Б вирусот на грип, препорачани од Светската здравствена организација за северната хемисфера и одлуката на ЕУ за сезоната 2023/2024,  врз основа на доминантните типови на вирусот на грип регистрирани претходната сезона.

Во Центарот за јавно здравје во Прилеп дистрибуирани се 2.000 дози на бесплатни и 150 дози на комерцијални вакцини против грип.

Loading