НОВИОТ СПОМЕНИК Е ПОСТАВЕН 2019 ГОДИНА

Скулпторот Сашо Попоски, врз основа на ремек делото на својот колега Димо Тодороски, ја изработил репликата. Во 2019 година направена е нова реконструкција со оригиналните димензии, висина од 2м и изработена од полимер – бетон.

Според Попоски, подолго време се работело макотрпно на составување на деловите од уништениот споменик.

– Процесот започна со самата појава на идејата, што е многу важно за оваа работа. Замислете, нешто што седело повеќе од 15, 20 години во едно депо, во мали делови како филџан од кафе, сето тоа го зедовме заедно со голема помош на леарница ’Панков’ од Скопје ко, се експерти за работа со бронза и правење на калапи, со кои пробавме да направиме реконструкција во оригиналните димензии со оригиналните делови, сето тоа со помош на архивски материјали, фотографии, скици и сите други пропратни елементи кои доаѓаат со таа работа. Најпрво ја реинкарниравме бронзата,  го исправивме споменикот во неговата оригинална висина, потоа направивме гумен калап каде гледавме да останат оригиналните потези, бидејќи ова е многу вредно уметничко дело на Димо Тодоровски и токму од гумениот калап направивме оригинална копија – изјави скулпторот и автор на новата скулптура, Сашо Поповски.

Споменикот чинел 600.000 денари издвоени од буџетот.

Loading