КЛОКОТОТ НА БОЖЈИОТ ЗБОР

Манастир “Света Петка”, Гостиражни

Никнат во дабова прегратка

Потребни се средства да се накити божјата убавица

Сончевите зраци срамежливо ѕиркаат низ пердувестите облаци. Се смеат по патот кон манастирот Света Петка во селото Гостиражни. Восхитува природата во чии прегратки воскликнал на божјоит храм. Залегнал на 800 метри надморска височина, со здив на спокој со кој дише утрото. Преплавена со светлина, со чувство на неверојатна сигурност и хармонија, откраднавме скапоцени минути во градината на Бог. На вакавското место, каде од скромен “Божји дом” се испраќа порака, неизбежен е допирот на божјата енергија. Местото клокоти со природна живост. Ридот, каде се стуткал манастирот, е богат со дабова шума. Раскошот од флора и фауна говори за водоличност. Трагите од дивеч – диви свињи, волци, срни, и капинки и печурки, се говорливи сведоци на животот околу. Манастирот се наоѓа на околу еден километар од Гостиражни. Селото е со муслиманско и православно.

На Божјото парче земја може да се стегнат врвките на животот. Да се ослободите од солзите во душата, со мисла дека тие ќе бидат изворот на Света Петка, од чија шепурка ќе капне животворна вода. 

Храмот се издигнал на стари темели од плитарна црквичка на 16 квадрати во 1985 година. А старата црква, е градена по иницијатива на Стојан и Иванка од Гостиражни. Го дале местото на вакавот. Бидејќи црквичката е млада, иконите се од понов датум. Цртани се од некој Јован. Разни фамилии дарувале икони.

Домаќинот го одржува манастирот заедно со групата верници. Кажуваат дека на местото почнал да иди некој Петре, на кого несреќа му се случило во фамилијата. Синот и снаата му загинале во несреќи. Тој со донации, дел со сопствени пари, го организирал градењето на црквата.

– Тргнато е од темел. Се трудиме да направиме повеќе. Црквата е од тврд материјал, а кубето е од поцинкована тенекија. Сакаме да направиме комплекс, да се поврзат конаците со старите. Не тапкаме в место, иако немаме доволно пари. Помагаме и полека успеваме – велат од управата. 

Конакот располага со пет соби со 30 кревети и трпезарија за 60 лица, која се полни за Благовец, Света Петка – летна и Петковден, која се слави во манастирот. Порано доаѓале и по 300 верници и посетители на славата Петковден. Се јавуват многу домаќини од сите градови, каде се иселиле гостиранчани. Сите се пречекуваат како дома. Кој што имал можност, одел за манастирски кум. Некоја жена, ќерка сонувала дека била кума и се пријавила.

Во едно долче каде шумат дабовите под нозе, и каде водата која некогаш клокотела и направила вирчиња, се скрила чешмата Света Петка. Не секнува и во лето гасне жед. Водата се зема за здравје. Манастирот се снабдува со вода со резервоар од осум тона вода. Нема добиток и ниви, но е место за оддишка и да се “напивање” на божјиот дар и вистина.

Три дена се празнува Света Петка

Православаната црква празнува три Света Петки. Света Преподобна маченица Параскева Римска на 8.8, Преподобна Параскева – Петковден на 27.10., и Света Маченица Параскева – Петка Икониска, 10.11.

Света Петка за успешна работа

Света Петка – Параскева живеела монашки живот и се посветила на Христа. Живеела испоснички. Била образована. Ја измачувале со железен вжештен шлем, ја фрлиле во казан со врело масло и смола, ја фрлиле во јама каде имало отровна змија и таа  била избавена. Во 140 година и е отсечена главата, а 180 година е прогласена за светица. Моштите и се пренесени во Цариград. Параскева на грчки значело “петок”. Оваа светица е почитувана како исцелителка на слепилото, неподвижноста и штирите жени. Некои велат дека е симбол и на успех во работата. 

Манастир “Света Петка” и во Ропотово

И во селото Ропотово, во близина на Прилеп се изгради манастир Света Петкапо по сонот на некој жител на селото, на кого Богородица на сон му кажала каде да извлече три лековити води – Света Петка, чиј извор требало да биде во манастирот, Света Недела и Света Богородица. На местото имало поранешна црква и гроб на свештено лице.

Loading