ШАРМАНТНА СЛОВЕНИЈА ВО МАРИБОР

Втор по големина град во Словенија е Марибор.Лежи покрај реката Драва, на местото каде се спојуваат планинските масиви Похорје, Влавско поле и планините Козјак и Словенска гора. Живеат околу 100.000 жители, меЃу кои и многу Македонци. Градот располага со историски знаменитости, природна убавина и со културно – уметнички содржини.

Разгледувањето може да почне со лесна проШетка низ центарот, односно во стариот дел, кој се одликува со повеЌе плоШтади. Еден од пропривлечните е Градскиот плоШтад на кој е издигнат ренесансниот мариборски дворец. НекогаШ бил главно место на собирање на градското благородниШтво, а денес е музеј. Пред него е барокниот споменик во чест на Св. Флоријан, заШтитникот од пожари.

ВоодуШевување предизвикува СломШкиот плоШтад со катедралата посветена на Св. Иван Крстител. Датира од 12 век. Атрактивен е споменикот посветен на блажениот Антон Мартин СломШк, по кој е именуван и плоШтадот. Плени паркот со фонтаната и спомен обележјето Корлека. Малку повнатре е и мариборскиот театар. Интересен е и плоШтадот на Слободата каде е поставен  споменикот во чест на ослободувањето на градот од нацистичката власт. Празник за очите е главниот Градски плоШтад со градската куЌа и споменикот во чест на жртвите од чумата.

Восхитувачка е проШетката покрај реката Драва, во пределот Лент, кое е едно од најстарите во градот. Ја отсликува богатата културна оставнина. Тука е Водената кула, а во еврејскиот кварт е синагогата каде се одржуваат бројни концерти и изложби.

Над Лент, пределот е познат како простор за производство на квалитетно вино, со традиција од преку 400 години. Тука е зградата на виното, претворена во музеј.  Се открива четиривековната традиција за производството на вино. Може и да се вкуси добра капка. Локацијата е избрана и за летниот Лент фестивал на кој гостуваат бројни пејачи и групи.

Бреговите на Драва се поврзани  со бројните мостови кои го отсликуваат некогаШното богатство, раскоШ и моЌ на градот. Стариот мост е  реставриран 1998 година, оти бил оШтетен. Импозантен е и Титовиот мост под кој жубората речните води, низ кои пливаат пајки, лебеди…

Во центарот се пие кафе во многубројните кафулиња. Мамат и мирисите на зачини од рестораните со современа гастрономија.

Мариборскиот парк ги плакни сетилата за вид со природата, уредениот простор и чист воздух.

Текст и фото Ка.М.

Loading