ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

Можеби зелените кашести сокови не се на списокот од најдраги оброци, но тие се совршени за слабеење и физички/психички напор. Зелениот сок е тајната состојка на сите, на кои им недостасува вита линија. Лесно се прави, иако зелената боја не е многу привлечна. Напитокот е многу вкусен.

Потребна е една банана и било каков зелен зеленчук, спанаќ, блитва, кељ… Вкусот се подобрува со малку мед. Покрај вода, може да се користи кокосова вода, млеко или јогурт, па дури и зелен сок. Може да се додаде некое друго овошје, јаболка, нектарини, бобинки, ѓумбир…

1. Бидејќи содржи хлорофил кој помага во изградбата и обновата на крвните клетки, истовремено го спречува нивното стареење, како и појава на карцином. Затоа зелените сокови се еликсир на младоста.

2. Се намалува киселоста на организмот, се подобрува квалитетот на крвта и придонесува за елиминација на тешки метали од организмот, бидејќи ги врзува за себе.

3. Го ослободуваат телото од токсини кои го успоруваат нашиот дигестивен систем и создаваат вишок масти.

4. Ја подобрува дигестијата и перисталтиката на цревата. За разлика од бистрите сокови кои содржат само вода, фруктоза и витамини, овој смути содржи и целулозни влакна за исфрлање на екскрементот.

5. Ги содржат сите потребни нутриенти, бидејќи не се обработуваат термички.

6. Го регулираат холестеролот. Растворливите влакна се врзуваат за холестеролот и го исфрлаат од организмот.

7. Регулација на телесната тежина. Стимулираат подобра работа на цревата, осигуруваат редовно празнење, па се и одлични природни лаксативи. Го забрзуваат метаболизмот, даваат и долготрајно чувство на ситост.

8. При дигестијата на вообичаените оброци се троши многу енергија и се добива мноштво отпад, токсини и недоволно течност. Затоа се јавува умор и скиселување на телото. Кај зелените кашести сокови, енергијата, хранливите состојки и водата лесно минуваат во крвотокот по 10 до 15 минути и организмот се чувствува закрепнато и освежено.

9. Се подобруваат косата, ноктите и кожата. Ослободуваат од некои доста сериозни кожни заболувања, како што се осип, рани, акни, лузни, псоријаза, егземи и друго.

10. Се подобрува памтењето и концентрацијата поради волшебниот хлорофил, кој содржи кислород, а мозокот и сите телесни ткива функционираат оптимално во околина со висок степен на кислород.

Loading