КИСЕЛО МЛЕКО И СОДА ЛЕЧАТ ДИЈАБЕТ

Редовната конзумација на кисело млеко го намалува високиот крвен притисок. Изобилува со калциум и полезни бактерии за совршен баланс и хармонија во телото. Ги јакне коските и ги намалува симптомите предизвикани од стрес и депресија.

Овој млечен производ треба да биде дел од секојдневната исхрана, бидејќи го јакне имунитетот и го одржува здравјето на срцето. Само 170 мл. кисело млеко на ден го намалува притисокот за 31 отсто. Комбинацијата од киселото млеко со сода бикарбона е позната како лек за шеќерна болест.

Дијабетес мелитус е хронична состојба која се карактеризира со зголемено ниво на гликоза во крвта. Гликозата е од суштинско значење за производството на енергија за функционирање на секоја клетка на човечкото тело. Луѓето со дијабетес мора да го променат начинот на исхраната и да внимаваат на телесната тежина.  Им се советува секојдневна умерена физичка активност. Акумулацијата на поткожното масно ткиво значително го нарушува дејството на инсулин. Симптоми за висок шеќер во крвта се прекумерна жед, често мокрење, постојано чувство на глад, замаглен вид, чешање на кожата, вагинални инфекции, умор, периферна невропатија.

Рецепт: 250 гр. кисело млеко и 1 мала лажичка сода бикарбона. Се мешаат добро состојките и смесата е готова. Се консумира наутро, на гладен стомак. Домашната терапија се спроведува еден месец. Ефектот е проверен на луѓе со висок шеќер.

Loading