ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (204) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

По завршувањето на двегодишниот мандат на марулскиот селски одброник Ристески Димко Танески од страна на општината Тополчани имаше објавено еден општински политички оглас за кандидати нов одборник во с. Марул со учество на два кандидати. Кандидати за одборник беа пријавени Јовчески Ристев Ванѓел и Петрески Цветанов Ванчо Мурџески. Гласањето беше одржано во половината на месец октомври во училиштето во с. Марул.

Према изброените гласачки ливчиња кандидатот Јовчески Ристев Ванѓел Велјаноски убедливо го победи против кандидатот Петрески Цветанов Мурџески и ја презеде одговорноста за одборник во с. Марул до пролетта во 1963 година  и должноста со гласње му ја отстапи на некогашниот против кандидат Петрески Цветанов Ванчо Мурџески.

Некаде после половината во месецот октомври по кратко боловање почина Петрески Петрев Велјан Бабјак на 77-та годишна старост. Со доваѓањето по тајните канали на прилепскиот војвода од Илинденското востание од 1903 година Петре Ацев со неговата чета двојно доваѓа од Бугарија во нашите краеви. На 22 декември 1922 година во Марул оснива вмроски комитет од четири члена, меѓу нив Петрески Велјан Бабјак во комитетот бил избран за стражар на тој комитет. Комитетот е откриен со помош на кадиноселанецо, сите оснивани комитети беа откриени и осудени на затворски казни во градот Пожаревац, меѓу нив и стражарот од Марул Велјан Бабјак.

Уште од затворот Велјан Бабјак да нешто му се надвисува на видот на очите. Во 1928 година Велјан го губи видот, ниту лекарско, ниту бајачка помош не му поможе и така Велјан Бабјак со време од 29 години почина во 1957 година, изврсен гајдаџија.

Во месецот октомври се омажи Мојсоска Колеска Најденка со свадба и првичиња за Вешерески Мише ос с. Ношпал. Исто така, се вери, омажи со свадба и првичиња Ристеска Орданова Васка за Ускоски Димитрија од с. Шелеверци. Посредник им беше Вршкоски Ристе од с. Ерековци. Камбаната од црквата до месецот октомври стоеше обесена на четири дабови диреци оддесно на влезната врата на црквата на надворешната страна. Во месецот октомври во 1957 година новонаименуван притруп, клисар на свој разум сакаше нешто да направи со камбанаријата, ги повика неговите другари овчарчиња, приближно врсници во годините осумнаешниот Павлески Ванчов Павле и седумнаешниот Ристески Цветанов Најденко – Нацко Мурџески камбаната со ортома ја урна од дотогашното нејзино место, од дирезите и како привремено ја обесија на гредите во тремот од црквата.

Јовчески Трајко отиде во местото Садинчето во здрело, пресече четири дабје, ги донесе со запрежната воловска кола кај црквата, ги исконструира му издлаби лежаци за монтирање на дирезите и со секаков надежд да камбаната ќе добие ново дабово скеле одозгора покриено од заштита од дожд и снег и од секакво невреме.

Едно време тие стубовите ги снема, кој ги зеде и употреби или ги сосекоја за огрев не ми е познато. Камбаната остана да виси обесена на таванските греди, го изгуби гласот за во далечина, често пати на поголеми црквени собири и децата знаеа да ја тропнат, па се слушаа негативни реакции од присутните. Камбаната висеше во тремот обесена додека не се направи новата камбанарија мислам, но сигурно беше во 2003 година кога се препокриваше црквата, за камбанаријата имаше поставено столбови за нова камбанарија.

Петре Петрески Бабјак реши да го ожени синот, осумнаесет годишниот Крсте и Крсте направи веридба со Пажеска Димкова Даница од с. Мало Рувци. Стројник му беше Петрески Ванѓелов Митре Бабјак, прв брачед од стрико и како зет Маркоски во Рувци повеќе познати русечките жители Петре го прекрши почитувањето за татко му Велјан направи свадба со сватови и музика за синот Крсте. Кај народот имаше превирање за стореното Петревото дело према својот родител, со времето тоа се заборави.

Штотуку Петре Бабјак разврати со свадбата и првичињата се разболе седуммесечното дете, девојче Петреска Ванчова Летка Бабјакоска, внуче од брат на Петре Бабјак, умре. Таа година се догодија тие две несреќи во родот Бабјакоски. Несреќите доваѓаат непредвидено, мора да се трпат.

Направена физичка делба помеѓу родитетелите Крушкоски Илија и Петра со фамилијата на синот Цветан. Во есенскиот дел на годината за време на сеидбата таткото Илија и синот Цветан ја досеваат нивата во местото Коритиште. Зема Цветан да ја леши нивата со плугот. Лешење се вика пуштање бразди попречни, изнесување на водата надвор од нивата во случај на поголеми води за да не направи водата бразди по свој начин и ја раскопува нивата. Од незадоволството на таткото Илија за лешењето на нивата дошло до расправија, си доваѓаат дома и прават физичка домашна делба, родителите се селат во визбата, синот Цветан фамилијарно останува во горниот дел на куќата.

При крајот н амесецот ноември низ селото се разнесе радосна вест да Атанасоска Неданова Петкана, дваесет итригодишна девојка се омажила потуштена навечер без званична денска свадба со помала родбинска за момче Катароски Крсте од с. Ерековци, доселеник од с. Бешиште од Мариово. Стројник им е Вршкоски Ристе од с. Ерековци.

Разменување на чашите вино за Задушница во чест на починатијот Методија Андонов Ченто помеѓу домаќинот Анѓелески Илија Кадијата и Василоски Димко Дамјаноски. На 24 јули 1957 година дома во Прилеп почина Методија Андонов Ченто во 55 годишна старост. Неговата умирачка брзо се пренеси ив о нашите краеви. Како прво татко ми Јовчески Ванѓел уште истата вечер му шепна на увото на нашиот дедо Јовчески Ристе да денес го погреба Ченто. Неговата умирачка се пренесуваше на прикриен начин. Во јавноста беше построго да се спомни неговото име.

Сепак, обичниот народ, неговите обожаватели и приајтели него го имаат како симбол во нивните срца. За денот Св. Никола зимен вечерта на 18 декември 1957 година во куќата на Анѓелески Илија кадијата му беше куќна слава. Поред многуте гости беше дојден и Василоски Милан заедно со познатиот човек во Марул, Василсоки Талев Димко, роден во Прилеп, верен другар од детство, киомшија и врсник на Методија Андонов Ченто.

Василсоки Димко познат кај марулци му е прв брачед од стрико на Илија трговецот трскарот и Мицо опинчаро познати како марулци. На сите овие потомства старото заедничко презиме ми е Дамјановци. Но, со времето на генерациите делени на Василовци Дамјановци втори и Котевци. Правилно Димко по неговиот дедо треба да биди Спасески.

На Василоски Милан Борачо познат кај народот како џентлмен човек затова повеќе луѓе престојуваат кај него за секоја нивна потреба. А додека Илица Дуна Анѓелеска или Стеваноска е од родот Јанксоки со Димко деленици меѓу нив и Мурџевци.

Продолжува           

Loading