АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не гледа ништо подалеку од носот, а зборува за далекусежни планови.

*

За бубачки во главата сеуште нема спреј.

*

Секој прозорец не  нуди поглед кон иднината.

*

Со суд се замолчуваат и оние кои сакаат своја вистина.

*

Ако го гледате само морковот и дури и го изедете, нема да побегнете од стапот.

*

На  неспособен да ја гради својата кариера, не може да му се дозволи да се обиде да ги креира кариерите на другите.

*

Кога глупоста е бескрајна треба да се знае дека заблудата има рок на траење.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading