СТИЛИСТИТЕ, ФРИЗЕРИТЕ, БЕРБЕРИТЕ И КОЗМЕТИЧАРИТЕ ГО СЛАВАТ ПРАНИКОТ  

Традицијата стара над 70 години, прилепските берибери, фризери и козметичари, на вториот ден од големиот православен празник Духовден да го празнуваат својот патрон, ќе ја испочитуваат и годинава.

Чествувањата по повод “,храмот” на берберите и физерите” ќе започне в понеделник, 5 јуни во 8 часот со света божествена литургија во црквата ,Св. Благовештение. Ќе биде положено и цвеќе на Могилата на непобедените, во чест на паднатите прилепски борци, кои по професија биле бербери или фризери.

Годинава домаќини се Елена Попоска, Сузана Релушкоска и Андреј Дургутоски.

Одбележувањето ќе финишира со забава.   

Loading