ГОРДОСТА НА ПРИЛЕП ПРКОСИ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ

150 ГОДИНИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ

“Оној ден кога во 1873 година беше и даден во употреба првиот магацин за тутун во Прилеп почна и ерата на тутунската индустрија кај нас. Овој тутински објект го означи раѓањето на денешниот Тутунски комбинат, кој првото столетие од своето постоење го дочекува како комплетно развиена работна организација, со модерни капацитети и висока технологија во производството. Улогата и значењето на првиот магацин за тутун треба да се согледа во неговиот придонес за организирано производство на тутун во овој реон.”

Вака почнува фото монографијата за 100 годишнината на Тутунскиот комбинат која на 14 септември 1973 година се одбележала под покровителство на Тито. Тогаш, на свечениот собир на работните луѓе во присуство на високите партиски и државни раководители била отворена новата таканаречена Универзална сала намнета за спортски активности и за јавни и културни настани.   

И денес, кога се одбележува 150 годишнината од постоењето на најстарата компанија во земјава, продолжува ерата на тутунската индустрија како успешна компанија со стратешкото партнерство со Филип Морис од 2014 г.

“Зенит”, копајќи по архивите во градов, наиде на интерсни материјали и фотографии кои говорат за значењето, местото и респектот кој го имал комбинатот во границите на поранешната ју-држава, како и за влијанието и инпактот кој го вршел во општеството и во градот, затоа што бил срцето, душата, корка леб за многу семејства и светлина на патот кон иднината. Во фото монографијата се прикажува историјата на тутунопроизводството, раѓањето и забрзаниот развој. Податоците укажуваат дека до ослободувањето, покрај првиот магацин биле изградени уште два, а по ослободувањето погони за преработка и ферментација на тутунот. Во 1949 година се формира како претпријатие за откуп и обработка на тутун, а во 1955 година организацијата прераснува во Комбинат.

На одбележувањата на јубилејните годинини, присуствувале видни политички имиња Митија Рибичиќ, Светозар Вукмановиќ Темпо, Лазар Колишевски, Никола Минчев, Крсте Црвенкоски, Благоја Талески и други.

На чело на Тутунскиот комбинат биле повеќемина, но сите го воделе кон развој и прогрес. Заслужни за успехот и посветени на работата биле Киро Кузманоски, Игнат Митрев, Ристо Трајков, Димче Јованоски – Дабовски, Кирил Бисеркоски, Душко Боцевски, Мате Волнароски, Никола Тодороски, Диме Момироски, Диме Димески, Тони Димитриосвски, Жарко Христоски, Тони Мицајков, Димитар Богдан, Александар Дерменџиев и Кире Станкоски.

Денес Тутунски комбинат, со неколку годишното менаџирање од Кире Станкоски е преточен во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари и тутун во земјава. Низ фото галеријата позајмена од Историскиот архов и Заводот и музеј,  ја доловуваме успешната приказна, на прилепскиот, на македонскиот, на нашиот Тутунски комбинат со надеж дека и две столетието ќе се одбележи со позитивни резултати.

Loading