ГОСТУВАЊЕ ВО СРБИЈА

Фудбал

Победа гостуваше во Србија, откако одигра четири пријателски меча во Охрид (со Шкупи, Охрид и Воска) и во Дојран (со Феризај). Имаше два меча за два дена. Прво беше со српскиот суперлигаш Вождовац во Белград, каде домашните победија со 1:0, а прилепскиот тим даде голем отпор. Следниот ден пак меч, во Крупањ, со српскиот прволигаш Лозница. И овде домашните победија, а за гостите беше преголем напор. До почетокот на пролетниот дел од македонската Прва лига, можно е да има уште една контрола за Победа.

Женскиот тим Деспина, првиот тест ќе го има со Саса, в сабота (13,30 ч.) на теренот на вештачка трева.

Loading