ГРГНУВАЊЕ

Прилепски мајтапења

За мајтапчиите и чешитлаците откако излегол муабетот дека мајмун не игра во Прилеп. Во храмот за драпачки има и еден пензионер од охридско, населен во Прилеп.

Се штутка, се вртка, се дума, како да крои, како да им влезе во муабетот на чешитчиите. Да каже нешто. Го фаќа страв да не биде одбиен. Очиклените насетиле дека има „крт,,. Па се прашувале в ум:- ,,Шо џаол че е чоеков,,?

– А бе, пријателе, а душко, ко да не си наш?

– Одовде сум, ама доселен со годиње. Од западна Македонија. Откај ми го знајш имево. Не ми пишува на чело?

– Те сетив по табието. Се врткаш, чутиш, а името не ти го знам. Овдеа им велиме душко, на тие шо не знајме како се викат, сите носиме душа.

– Сакам да кажа еден чешит. Не зна дали ќе ми дозвола Рампо и Цане?

– Како не можело. Ако е сранско, че е супер.

– Цане, сранецов. ти бил од Западнана Македонија. Сака да кажи некој чешит – свика овдешниот пензионер.

– Ако е од Западнава, арно, ама да не е од Јужнава. Че треба да го прашаме Рампа. Тој е по политичкиве нерешени прашања.

– Кој да е, од каде и да е, добредојден е. Ако зборува македонски, оти за другиве јазици немаме преведувачи.

– Ако сум од Западнана, не сум странец. Нашинец сум, зборов ми ет македонски!

-Е, ако е така, мииир лујџеее…!

-Нашите дамнешни предедовци маката ги научила да прават боза, сладолед, слатки рабојче и потквасувале млеко. Одале на печалба по светот, а идале и овде во Прилепов. Првиот од ними шо дошол во Прилеп се викал Тофил. Од шо бил добар мајстор, прилепчани дури му дале изим и кујча да си напрај, ко шо велите, ами како.

– Ај не должи, сме слушале за Тофила.

– Први шо му дошле на праго од слаткарницана биле даскалот со даскалицата од градов.

– Даскале, да ти го тура или да ти го гргна бокалов со боза, а – прашал Тофил?

– Гргни ми го Тофиле, ко џа сум жеден, рекол даскалот.

– На даскалицава да и го турам или да и го гргнам?

– И, шо рекол даскалот, а душко, свикаја од првите редови?

– Абе прилепчанец, пак прилепчанец, овде се родил и овде ќе останет мајтапот. Се сетил  даскалот оти муабетот можит да се извртит, па му рекол: – ,,Тофиле, на даскалицава едно слатко, а за турањето и гргнувајњето, вечер че ја прашам,,.

Loading