ЕСТЕТИКАТА ОД МРАЗ

Додека од една страна на паркот во центарот веќе бујат јануарски цветови, студениот февруари потсети дека назад е зимата, вајајќи природна скулптура во мраз. Ниските температури ја замрзнаа чешмата кај рекламите,  создавајќи креација на сталагмити. Времето покажа дека приодата е најнадарениот уметник, кој твори естетика од вода во тврда агрегатна состојба. Убавината карактеристична за северните предели ги плакне очите на минувачите, предизвикувајќи од време на време воздишки не само од северниот ветер и ниските температури, туку од природната мајсторија на студот. 

Loading