АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Нашите луѓе се добри, некои подобри, а некои најдобри.

x

Злобните не се наши.

x

Ловците во матно се дават во бистро.

x

Сневеселени, развеселете се!

x

Наместо коњи немаме ниту магариња за трка.

x

Држава не се прави со кулиси.

x

Ни буквар ни библија знае, ама владее!?

x

Празните глави не’ потонаа, а тие останаа на површината.

x

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading